Убавата Лила ни одржа лекција како и во четириесеттите да бидеме ПРОВОКАТИВНИ, но и елегантни и отмени во исто време
Кога се појави сите гледаа во неа
Изгледот на Лила Филиповска често се коментира, без разлика дали е во прашање нејзината линија или модна комбинација.
Но со нејзиното последно издание таа дефинитивно никого не остави рамнодушен, а ова важи како за мажите, така и за жените. Имено, Филиповска на промоцијата на песната „Тешко без тебе“ што ја сними во дует со 20 години помладиот Филип Пешевски изгледаше одлично.
Шармантната водителка и инфлуенсерка за оваа пригода избра полупроѕирен фустан кој совршено го истакна секој дел од нејзиното тело.
Елегантна, префинета и речиси секогаш облечена како за црвениот килим, Лила дефинитивно е една од најдобро облечените жени на јавната сцена во Македонија. Таа иако за неколку месеци ќе наполни 50-че, изгледа совршено во секое нејзино издание, без разлика дали носи фустани или фармерки, што можевме да го видиме и деновиве.
Имено, Лила на промоцијата блескаше во црниот фустан кој во горниот дел потсетува на дoлна облека.
Во прашање е моден тренд кој со проѕирните материјали ќе биде еден од водечките за оваа летна сезона, а Лила по кој знае кој пат ни покажа дека знае како да биде во чекор со времето.
Таа фустанот го носеше во комбинација шик црни сандали со тенки ремчиња и преубава фризура со која дополнително го истакна своето младешко лице.
Како Лила изгледаше, но и некои други нејзини топ изданија погледнете во галеријата што следува.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска