Убавата бринета се прошета во мал црн фустан кој е магнет за погледи – погледнете ги и останатите модели од овој познат бренд
Познатата португалска манекенка и актерка Сара Сампајо која е најпозната како ангел на Викторија, го украде вниманието кога се прошета низ улиците во Лос Анџелес.
Атрактивната бринета Сара Сампајо беше забележана пред еден познат ресторан во западен Холивуд, каде вечераше во друштво со пријателите, а со својот стајлинг предизвика бура од воодушевени реакции.
Убавата манекенка Сара плени каде и да се појави, па не е ни чудно што предизвика хаос во еден ресторан во Лос Анџелес. Познатата Португалка, која важи за една од најуспешните манекенки на денешницата се прошета во провокативен црн фустан и никого не остави рамнодушен.
Во прашање е тесен фустан со долг прорез и рамно дekoлте со потписот на познатиот бренд „Reformation“.
Брендот беше еден од водечките кога се во прашање фустаните од минатото лето, а бројни славни убавици го обожаваат. Нивните женствени модели се број еден избор и оваа сезона, а очигледно дека ги обожава и познатиот ангел на Викторија која со овој стајлинг ги истакна своите долги нозе.
Убавата Португалка целиот стајлинг го заокружи со високи потпетици во бела боја и чанта во иста нијанса со која допринесе за суптилниот „wow“ ефект.
Инаку, фустанот „Sigmud“ што го носеше Сампајо е достапен во неколку варијанти, по цена од околу 200 евра.
Погледнете ги и останатите модели од овој бренд за лето 2020.