Убава причина за славење во домот на Ѓоко Јовиќ – пријателите и обожавателите му честитаат, еве кој беше највесел
Во домот на македонскиот пејач на фолк музика Ѓоко Јовиќ имаше убава причина за славење, па пејачот по тој повод сподели несекојдневна фотографија.
Семејството Јовиќ е вистински пример за тоа како треба да изгледа едно семејство во кое владее хармонија и се почитуваат вистинските морални вредности.
Во ова време кога во медиумите се промовира само блуд и разврат, кога неморалот стана модерен, семејството на Ѓоко Јовиќ е празник за душата.
Ѓоко е еден од најангажираните македонски музичаро во изминатиов период, а неговите настапи се закажани месеци однапред.
Поради пандемијата музичарите беа без никакви ангажмани, па слободното време го искористија да се посветат на своите семејства.
Ѓоко и неговата сопруга се потрудија и да го прошират семејството.
Тој и неговата сопруга Ивана се горди родители на 3 деца, а на пат е и четвртото.
За успех во музичката кариера исклучително важно за секој музичар е партнерот да има разбирање за професијата која носи многу отсуства од дома. Ѓоко такво нешто пронашол кај Ивана.
Плод на таа љубов и разбирање се нивните три деца: Теодора, Михаил и Јоан.
Неодамна со својата публика соопштија дека очекуваат принова, па го открија и полот на бебето.
Тој на својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и покажа дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана ќе биде момче.
„Сакав да биде машко и многу ѝ благодарам на Теодора за оваа радост“, рече Ѓоко.Викендов во нивното семејство имаше убава причина за славење.
Првиот син на пејачот, Михаил славеше роденден.
Ѓоко сподели нивна заедничка фотографија во која тој го држи Михаил во раце, а во опис напиша емотивна порака.
„Среќен роденден сонце на тато. Ти ја посакувам цела среќа на овој свет.
Биди ни здрав и жив и од Бога благословен”, стои во опис на фотографијата, која за кратко време доби многу лајкови и коментари со честитки.