Убава КАКО КУКЛА: Ќерката на Елена Велевска МАЃЕПСУВА – погледнете колку личи на пејачката
Ќерката на македонската фолк-пејачка порасна во вистинска убавица.
Софи, освен што ја наследи убавината на својата мајка, таа и тргна по нејзините стапки.
Елена Велевска е една од најубавите пејачки на македонската естрада и една е од ретките кои освен со глас овојуваат и со стас.
Својата витка линија ја одржува со редовни тренинзи, а на нејзиата фигура може да позавидат и помладите девојки.
На неа воопшто не се забележува дека има родено 3 деца.
Од бракот со бизнисменот Маријан Мирчески ги има ќерките Софија и Калија и синот Марко.
Иако се чинеше дека нивниот брак ништо не може да го уништи, пејачкаа соопшти дека одлучила да се разведе од Маријан.
Елена и Маријан водеа битка за старателството над децата, а нивната драма беше проследена и од јавноста.
Таа дури откри и дека била жртва на семејно насилство.
„Да, бев жртва. Во нашиот случај не се работеше за прељуба, туку за семејно наcилство, како физичко, така и психичко“, откри пејачката.
Елена секој момент го користи да го помине со своите деца, а сега имаа и убава причина за славење.
Нејзината ќерка Софија, која како што вели пејачката има извонреден глас и се очекува да биде голема ѕвезда,славеше роденден.
По тој повод Елена објави нивни заеднички фотографии и јавно ѝ го честиташе роденденот на својата наследничка.
Мора да се признае дека Софија е вистинска убавица и неверојатно многу личи на својата мајка.
„Среќен роденден душичка“,напиша Елена во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска
ФОТО: Инстаграм / Елена Велевска