Убава вест од домот на Ражнатовиќ – нејзиниот сакан се пресели во ЛУКСУЗНАТА КУЌА во која што Цеца живееше со Аркан
Цеца и Богдан во последно време постојано се заедно
Најпознатата фолк пејачка на Балканот, Цеца Ражнатовиќ, не се разделува од својот сакан Богдан Срејовиќ, со кого е во врска од почетокот на оваа година.
Тие неодамна беа заедно на Кипар во нејзината викендичка, каде пејачката беше заради некои свои обврски.
Што се однесува до бројните гласини во врска со помладиот Богдан, пејачката во една пригода изјави:
„Јас не го избирав заради селото, туку заради себе, така што тоа воопшто не ме интересира“.
Како што објавија во емисијата Папарацо лов, Богдан наводно се вселил во куќата на Цеца во елитниот дел од Белград.
По неколку недели следење, папараците успеаја да го фатат Богдан во раните утрински часови како ја напушта вилата.
Тој од куќата заминал во еден трговски центар, а по шопингот и дружбата со пријателите, повторно се вратил кај Цеца.
Истиот ден пејачката замина на снимање на „Ѕвездите на Гранд“, а нејзиното момче ја чекаше дома.
Следниот ден Богдан заминал да се види с уште некој човек, додека Цеца дотерана од глава до пети оди на снимање.
Тие потоа и двајцата се враќаат во вилата на Дедиње, па затоа и многумина помислија дека Богдан се преселил кај неа.
Инаку, Богдан од претходниот брак со Зорана Тасовац, ја има ќерката Искра која што ја обожават Цеца.
Тие неколку пати беа заедно на одмор, а од фотографиите што завршија на Инстаграм, можевме да видиме дека си поминуваат одлично.
Зорана по Богдан започна врска со колегата на Цеца, Саша Ковачевиќ, а се шушка дека парот наскоро планира свадба.
Богдан и Саша се во одличен однос, што исто така може да се забележи од фотографиите на кои се сите заедно.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ