Уапсена жената што ја натепа Елена Ристеска – Еве какви повреди има пејачката!

Пред два дена Елена Ристеска имаше непријатна случка во скопски кафе бар.
Благодарение на пријател, македонската пејачка избегнала напад со тврд предмет од девојка која се наоѓала во истиот објект.
Откако оваа вест се објави во многу медиуми, Елена се огласи со порака на социјалните мрежи:

– Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.
Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам од полицијата да го разреши случајот.

Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод. Не грижете se, јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка.
После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.
И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови.

Од МВР се огласија во врска со инцидентот со нашата позната пејачка Елена Ристеска која беше физички нападната во ноќен клуб во центарот на Скопје изминатиот викенд.
Оттаму велат дека вчера полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П.. Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.

– По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје, информираа од полицијата, велат од МВР за Скопје Инфо.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство, а за претепувањето на пејачката Елена Ристеска во ноќен клуб.
“Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата.

Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.
Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената”, велат од Обвинителство.




