Турчинката што со својот шарм ја освои цела Македонија објави нова ФОТОГРАФИЈА од бебенцето и ги воодушеви сите
Султанката Хурем ужива со ќеркичката
Убавата турска актерка Мерјем Узерли која што ја шармираше домашната јавност со улогата на фаталната султанка Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, пред неколку месеци повторно се оствари во улога на мајка.
Мерјем својата ќеркичка, на која и го даде преубавото име Лили Кои, многу брзо откако се породи ја покажа пред своите милиони фанови на социјалните мрежи.
Таа и претходно на Инстаграм не ретко споделуваше прекрасни моменти со својата шестгодишна ќеркичка Лара. Но Хурем овој пат објави преслатка фотографија на која во прегратките ја држи својата ќеркичка и ги воодушеви сите.
Од фотографијата можеме да видиме дека Мерјем изгледа прекрасно и дека мајчинството и годи.
Инаку, Мерјем се уште го нема откриено партнер со кого ја доби својата втора ќерка Лили. Но затоа таа деновиве фановите ги изненади со уште нешто ново.
Имено, шармантната актерка објави неколку фотографии на Инстаграм и пред фановите откри дека има нов имиџ.
По црвената, руса и кафеава коса, таа одлучи да направи една популарна фризура и се офарба во виолетова нијанса.
Што се однесува до мистериозниот татко на бебето, кога се дозна дека популарната актерка повторно е бремена, се шушка дека во прашање е актерот Каглар Ертугрул (34), но овие информации досега никој ги нема потврдено.
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли
Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли