Турчинката што не освои со улогите во „Карасевда“ и „Ќерката на АМБАСАДОРОТ“ е заљубена до уши во својот сопруг!
Тие во моментов се еден од најпознатите парови во Турција
Познатата актерка Неслихан Атагул и нејзиниот колега и партнер Кадир Догулу не кријат дека се уште се сакаат како првиот ден. Тоа впрочем можеме да го видиме и од нивната последна објава на социјалните мрежи.
И покрај тоа што актерката ги растажи фановите со неодамнешната објава дека заради здравствени проблеми ќе ја напушти популарната серија „Ќерката на амбасадорот“, таа во слободното време ужива колку што може, кое најчесто го минува со својот сакан сопруг Кадир.
Но овој пат ѕвездата од хит серијата „Ќерката на амбасадорот“ ги растопи срцата на своите фанови со последната објава.
Имено, шармантната 28 годишна актерка со пријателите на Инстаграм сподели фотографии на кои е со саканиот.
„Херојот К“ напиша Неслихан покрај фотографијата заради која доби илјадници лајкови и коментари од своите 11 милиони фанови.
Тие се вљубија во 2013 година, за време на снимањето на серијата која што беше хит и во Македонија.
По две години врска ќе се заколнат на вечна љубов, а свадбата ја направија во летото 2016.
Инаку, познатата актерка недамна ги изненади своите фанови со веста дека ја напушта главната улога во „Ќерката на амбасадорот“. Таа мораше да го направи тоа откако и беше дијагностициран синдром на пропустливост на цревата, па реши да се посвети на своето здравје.
„Моето тело не може ова да го поднесе, мора да се одморам“, напиша Неслихан тогаш на социјалните мрежи.
Во серијата ја замени колешката Туба Бујукустун за која сценаристите направија нов лик.
Би можела да биде и манекенка
Инаку, убавата Неслихан е родена во Истанбул како ќерка на шофер и мајка домаќинка. Завршува студии по актерство во Турција, а во својата кратка кариера има освоено бројни награди и во моментов важи за една од најдобрите турски актерки од помладата генерација.
Во секоја улога таа воодушевува со секоја своја појава, па за неа велат дека ако не би била актерка, тогаш сигурно би успеала како манекенка. За разлика од љубовната драма која ја доживуваше во улогата на Нихан, на убавата актерка во реалниот живот и цветаат ружи на љубовен план.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од фотографиите што Неслихан ги објавува на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул