Турунџиева блесна на свадбата кај својата колешка – ќе се изненадите кога ќе ја видите во вакво издание
Сите зборуваат за ова издание на Турунџиева
Прекрасно издание на нашата позната пејачка и водителка
Нашата позната пејачка и водителка Сузан Турунџиева беше една од гостинките на свадбата кај својата колешка од Алфа телевизија, шармантната водителка и новинарка Александра Бела.
Таа за ова пригода избра црвена тоалета во која блескаше како холивудските диви на гламурозниот оскаровски црвен килим.
Во прашање креација во која Сузана изгледаше елегантно и женствено, така што сите и порачаа дека блеска во ова издание.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Во прашање е фустан со долги ракави и длабоко деколте, додека кусото здолниште ги истакна убавите нозе на Турунџиева.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Водителката го носеше со високи потпетици кои исто така беа во бојата на љубовта и страста, како и нејзиниот кармин.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Таа позираше покрај своите колешки и едноставно се издвојуваше со изборот на бојата, а на секоја фотографија позираше насмеана.
Фото: Инстаграм/ Марија Костадиновска
Инаку, нејзината колешка Александра, која застана на лудиот камен и се заколна на вечна љубов, за овој посебен ден избра романтична венчаница со која изгледаше како принцезите од бајките.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Повеќе фотографии од оваа свадба, за која веќе пишувавме (види тука) погледнете во галеријата што следува…