Не му е лесно откако се разделија
Турскиот бизнисмен Садетин Саран, повторно е во центарот на вниманието во Турција. Овој пат медиумите во оваа земја тврдат дека милијардерот завршил во една приватна клиника во Австрија за да се лекува од депресија. Како што пренесуваа тие, имено 55 годишниот бизнисмен не можел да се помири со фактот дека љубовта помеѓу него и пејачката Емина Јаховиќ е завршена и дека повеќе не е со неа
Гласините дека тие повеќе не се заедно посебно зачестија откако неодамна познатата пејачка, наводно, и самата истакнала дека помеѓу нив е готово.
Како што пренесуваат весниците и порталите, Садетин тешко ја поднел разделбата, па решил да замине во Австрија каде, според информации објавени во турските медиуми, се лечи од депресија, а на својот Инстаграм покрај една од најновите фотографии го напиша следниот коментар.
„Нашите животи се онакви какво е и нашето опкружување во кое што се наоѓаме“ напиша тој на Инстаграм.
„Садетин најмногу време поминува покрај езерото и на базенот. Истата клиника ја посети и кога се раздели од својата сопруга Емек во 2017 година“, изјавил неименуван извор за турските медиуми и додаде дека поради разделбата му било тешко, па решил да го направи овој чекор.
Емина досега никогаш не ги коментирала гласините за својот љубовен статус, а неодамна само кратко изјави дека љубовта за неа е убава и дека и пречи тоа што нивните заеднички фотографии се појавиле во јавност.