Тука секогаш е среќна – еве како изгледа трошната камена куќа на Атиџе во Бекирлија, но и колку убаво го уредила новиот дом!
Атиџе Муратова од „Медена земја“ конечно доби нормални услови за живот…
Благодарение на многу хумани луѓе трошната куќа во која Атиџе Муратова живееше денеска ги има сите потребни услови, а како што вели таа самата е многу среќна и благодарна на сите.
Скромна, насмеана и мила, таа во емисија на „МРТ“ зборуваше за почетоците на снимањето на документарецот кој беше номиниран во две категории за Оскар.
„Ако навредиш човек што дошол на гости, таа куќа ќе нема бериќет“, вели Атиџе и додава дека се труди секогаш да биде гостопримлива и да понуди макар вода или кафе кога некој ќе и тропне на врата.
Кога филмската екипа на „Медена земја“ пристигнала да снимаат таа вели дека бил многу тежок период за неа, мислела и на самоубиство, но била загрижена за нејзината болна мајка па се молела некој да се појави да и отвори врата и да и даде совет што да прави.
Нејзината мајка и Атиџе биле во лоша здравствена состојба, па се појавил Љубо од екипата на „Медена земја“, а таа раскажа дека тој и нудел помош, а скромната Атиџе не сакала да побара ништо за себе само чаша вода, но сакала да и помогнат на нејзината мајка поради лошата здравствена состојба, но немала поим дека помошта ќе дојде како филм.
Снимањето на филмот доживеа голем успех насекаде во светот, а со помош на Мариа Дуда која организирала добротворна акција, собрала средства и ја реновирале целата куќа на Атиџе.
„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме …“, напиша Сузана Турунџиева во опис на фотографиите кои ги објави на Фејсбук, а на кои се гледаат среќни и насмеани лица кои слават и танцуваат на успехот. Во прашање е куќата што Атиџе ја доби од здружението на граѓани „Бекирлија“ каде што таа се пресели откако ја напушти старата трошна куќа во која што живееше со својата мајка.
Во продолжение погледнете и како изгледаше нејзината стара куќа кја беше прикажана и во документарецот.
Новата куќа целосно уредена
Куќата на Атиџе е речиси целосно реновирана, со нов мебел, под, завеси и многу други работи кои придонесоа за подобар живот на нашата хероина, а сега фотографии од собите на Атиџе објави и Мариа Дуда на својот фејсбук-профил.
Разликата од претходно и сега е огромна, а во продолжение погледнете како сега изгледа куќата.
Посакуваме да има повеќе вакви добри и хумани луѓе!
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџиева