Трудна е по 22-ри пат: Има 44 години и веќе има три внуци, а сега сака да добие момче! Еве кога за прв пат се породи
Сју Редфорд, е мајката на најголемото семејство во Велика Британија,а сега е бремена по 22-ри пат!
Сју Редфорд (44) од Ланкашир, на Јутјуб клип потврди дека очекува повторно дете со сопругот Ноел (48).Држејќи ултразвучна слика во нејзината рака, г-ѓа Редфорд им рече на следбениците:
“Сега знаете, луѓе, чекаме бебе. Јас сум близу 15-та недела од бременоста и наскоро ќе го знаеме полот на бебето”. Како што изјавила, се надева дека е момче.- Се прашувам дали ќе имаме 11 деца од двата пола – посакувам тоа да беше момче – рече мама.
Најстарото дете на брачна двојка, Редфорд, Крис, има 30 години (што значи дека го родила на само 14 години), по што Софи (25), Клои (23), Џек (22), Даниел (20), Лук ( 18), Мили (17), Кети (16), Џејмс (15), Ели (14), Ејми (13), Jош (12), Макс (11), Тили (9), Оскар (7), Каспер ( 6), Хали (3), Фиби (2), Арчи (1,6), Бони Реј (1). Покрај нејзините две најстари деца кои станаа независни, семејството живее во куќа со десет соби. Девет машини се мијат секој ден, и трошат 30 шишиња течен детергент месечно.
Сју и Ноел веќе имаат три внуци, кои се родени на нивната ќерка Софи.




