Реклама
LIFESTYLEВирално

Трогателна приказна: Куче 18 месеци го чека неговиот сопственик на местото каде што починал

Реклама

Го нарекуваат „Грчкиот Хачико“, познатот куче кое живеело во 90-те години во Јапонија и со години стоело пред железничката станица во Токио, откако сопственикот му починал од мозочек удар на работа.

Жителите и минувачите на Нафпактос веќе добро го познаваат кучето во Грција кое повеќе од една година живее на патот каде  неговиот сопственик починал во сообраќајна несреќа.

40-годишниот Харис издишал за последен пат на 9 ноември 2017 година, а белото крзнено животно сè уште го чека покрај патот кај реката Евинос, не сфаќајќи дека тој повеќе нема да се врати.

Маркетинг

Сопственикот Харис имал 40 години, а трагично загинал откако го удрила мешалка за бетон. Иако куќата во која живеел со кучето е оддалечена околу 12 километри од местото на несреќата, кучето точно знаело каде се случило тоа и не сака да се помрдне од тоа место.

Неколку локални жители се обиделе да го вдомат, но тој постојано се враќал.

Маркетинг

Тоа постојано се враќало на местото каде што се случила сообраќајката, па така луѓето одлучиле да му направат засолниште покрај дрвеното црквиче подигнато во чест на неговиот сопственик. Тие редовно му носат храна и вода додека тоа трпеливо го чека својот омилен човек да се врати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button