Трогателна порака на познатиот турски актер чија ќерка загина во ЗЕМЈОТРЕСОТ: „Децата не би требало да умрат пред татковците!“
Познатиот турски театарски актер Орхан Ајдин, чија ќерка остана под рушевините, сподели трогателна порака.
Познатиот актер Орхан Ајдин кој деновиве на својот профил на Твитер сподели дека не може да дојде до сојата ќерка и поранешна сопруга кои живеат во покраината Хатај, чија куќа беше целосно уништена, сега повторно се огласи на социјалните мрежи. Неговата поранешна сопруга била спасена од рушевините, но кога ја извадиле соопштила дека ногата на нејзината ќерка останала заглавена под бетонот и дека спасителите се уште се борат за да ја спасат.
Тогаш Орхан сподели дека „нема сила повеќе да издржи“, а пота се случи она од што најмногу се плашеше.
Имено, неговата ќерка, Ејлем Шафак Ајдин Јетиш, не можела да издржи и го изгубила животот под рушевините.
Ејлем заедно со нејзината мајка, Елиф Торун Енерен, остана под рушевините кои беа предизвикани од земјотресот што ја погоди Турција на 6 февруари и однесе илјадници животи.
Орхан повеќе пати бараше помош за својата ќерка и поранешна сопруга преку социјалните мрежи.
Елиф беше извлечена од спасителите, но не и нејзината ќерка која остана заглавена под рушевините.
Нејзиното безживотно тело беше пронајдено на 11 февруари.
Нејзиниот татко на својот профил на Твитер сподели фотографија од својата ќерка и ги напиша следниве зборови:
„Децата не би требало да умираат пред своите татковци“, пишува во објавата на актерот што никого не остави рамнодушен.