Три хороскопски знаци од денеска ЌЕ СВРТАТ НОВ ЛИСТ: Почна затемнувањето на Месечината во Шкорпија
Затемнувањето на Месечината во Шкорпија започна во вторникот во 19:23 часот, а овој астролошки настан најмногу ќе влијае врз три хорокопски знаи. Кога затемнувањето на Месечината ќе се случи во мистериозниот знак на Шкорпија, тоа значи дека многу тајни ќе испливаат на површина.

Ќе имаме тенденција да ги преувеличиме секојдневните проблеми. Полната Месечна во Шкорпија наговестува крај на стариот циклус и почеток на новиот, што значи дека ќе доживееме елосна трансформација.

Еве на кој најмногу ќе се одрази:
Шкорпија
Време е за соочување со лични стравови и блокади кои вас ќе ве успорат да тргнете напред. Поедини проблеми од денеска може да ви делуваат многу тешко, а всушност работите нема да бидат толку драматични. Едноставно, вашата потсвест ќе креира такво сценарио. Обидете се да ги оставите лошите работи зад себе и фокусирајте се на новите работи.
Бик
Затемнувањето на Месечината ќе се случи во вашео поле на партнерство, така што очекувајте криза и раскинување. Инензитетот на таа криза ќе биде воочлив во наредните месеци. Можно е да добиете нов бизнис партнер, а ако сте во брак, односот со партнерот ќе се промени. Партнерот има погрешни претстави за вас кои не се реални.
Водолија
Полната Месечина во вашето десето поле ќе ви донесе промени на работното место. Исто така лесно ќе можете да ја смение рабоата во интервал во наредните 6 месеци затоа што ќе ви биде доста од сѐ. Промените на работа во наредниов период се неизбежни. Сакавте промени после стагнирањето, па тоа и ќе се случи.




