Три преубави летни фустани на една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи
Познатата струмичанка објави интересен сет фотографии
Реакциите на нејзините фотографии се поприлично бурни, особено поради провокативните изданија во костими за капење. Но овој пат атрактивната струмичанка Љупка Митрова која е мошне популарна на социјалните мрежи ни го привлече вниманието со нејзините преубави цветни фустани кои се совршен избор за овој период од годината.
Впрочем и оваа летна сезона фустаните со цветни дезени се високо на списокот со желби на секоја дама што ја следи модата, особено подолгите модели кои можат да ги покријат сите недостатоци и кои можеме да ги носиме како преку ден, така и во нашите вечерни изданија.
https://www.instagram.com/p/BjA_zqFl62O/?taken-by=ljupka_mitrova
Во нив изгледаме неодоливо, елегантно и модерно, особено ако тоа го правиме како и оваа симпатична девојка – во комбинацијата со шик сандали со опасни високи потпетици.
https://www.instagram.com/p/Bi4SvGhFGpO/?taken-by=ljupka_mitrova
Па, кој од овие фустани ви се допаѓа најмногу?