Три правила до кои секоја жена треба да се придржува ако сака да има тело и кожа како Џеј Ло
Џенифер неодамна откри кои, според неа, се главните причини зошто изгледа одлично во петтата деценија
Џенифер Лопез е жена која е на прагот од петтата деценија, и изгледа исто толку добро како и пред дваесет и повеќе години, додека за некои изгледа дури и многу подобро отколку од почетокот на кариерата.
Таа во едно интервју за „InStyle“ откри три клучни правила за кои е убедена дека се виновни за нејзиниот изглед.
Прво правило
Џенифер пред се истакна дека за неа магичната формула не постои – во текот на целиот нејзин живот таа се грижела за себе и за нејзиното здравје, и ова секако дека мораше да се одрази на тоа како изгледа сега. Сепак, правило број еден за Џенифер е – воздржување од кофеин.
Таа го бара својот извор на енергија во други состојки или активности, како што е редовното вежбање кое вклучува вежби со тегови, пилатес и велосипед.
Второ правило
За некои, овој совет би можел да биде и потежок од претходниот, но Џеј Ло вели дека никогаш не консумира алкохол (!). Добро е познато дека алкохолот има многу лош ефект врз изгледот на нашата кожа од разни причини, а само еден поглед на убавата кожа на Лопез може да биде доволно мотивација за да му кажете „збогум” на алкохолот.
Трето правило
Последен е оној совет што многумина го нарекуваат „вечен“. Доволно количество сон и одмор е нешто што никогаш не смеете да го игнорирате, а Џенифер истакна дека тука никогаш не прави компромиси.