Нови парфеми со потписот на Ким Кардашијан
Најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан има дури три нови парфеми. Тие се обединети под заедничкото име „Kimoji Hearts“, а како што и самиот назив ни кажува, спакувани се во симпатични кутии во облик на срце – розова за „BFF“, нежно сина за „Bae“ и виолетова кутија во која се крие парфемот „Ride or Die“. Ким веќе подолго време ги најавува новите парфеми на својот Инстаграм-профил, а од почетокот на овој месец истите можат да се најдат низ најпознатите светски парфимерии и онлајн.
Сите три парфеми имаат цветно овошен вкус со тоа што „Ride or Die“ е комбинација од рибизла, слива и карамела, „Bae“ содржи мирисни ноти на мандарина, киви, јасмин и ванила, а парфемот „BFF“ – диви јагоди, јаболко, круши и ливчиња од ружи.
Па, дали ви звучи примамливо?