Кожните јакни секогаш се во мода и претставуваат совршен избор за секоја едноставна или слоевита комбинација.
Во продолжение погледнете неколку примери како да го носите ова есенско „маст-хев“ парче и како да го стилизирате на најдобар можен начин.
https://www.instagram.com/p/BRBymJNlASg/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кожена јакна во комбинација со миди фустан со интересен дезен
Ниту една комбинација не изгледа подобро од романтичен фустан и кожена јакна. За да му дадете рокерски шмек на вашето женствено издание ви предлагаме кожената јакна да ја носите префрлена преку рамениците.
https://www.instagram.com/p/BODMCz2h_Ss/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кожена јакна со везени детали
Ако сакате да инвестирате во нова тренди кожена јакна, тогаш наш совет е да изберете модел со интересни везени детали бидејќи на совршен начин ја спојуваат романтиката и строгите кроеви, а оваа есен ќе бидат вистински хит.
https://www.instagram.com/p/BPYbjpHAiaj/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Комбинација со животински дезен
Кожните јакни совршено стојат со секој животински дезен. Ако ја носите со маица со животински дезен ве советуваме останатите парчиња да ви бидат во понеутрални нијанси и со поедноставни кроеви.