Три години се обидувала да забремени, а потоа остана во шок кога ја дозна вистината што сопругот цело време ја криел од неа
Една жена вели дека се обидува да забремени со години, но цело време мислела дека пречката за забременување се полицистичните јајцници, но потоа открила ужасна вистина.
За рок од три години таа се обидела да остане бремена пробувајќи ги сите третмани и препораки од докторот. Сопругот по извесно време и поставил ултиматум – вештачко оплодување или развод, но таа ова не го очекувала од него. Оваа постапка целно ја уништила, пишува „kidspot.au’.
„По три години болни и скапи третмани, открив дека мојот сопруг е подложен на вазектомија пред да се запознаеме”, објасни таа во публикацијата на „Reddy“ која била избришана во меѓувреме.
„Тој ми дозволи да имам 29 негативни тестови за бременост и бројни инјекции на хормони и никогаш не ми кажа дека е до него проблемот “, додаде таа. Таа вели дека претпоставувала дека тоа е проблем, и кога дознала дека цело време ја лажела, била шокирана.
„Лекарите предложија сперматозоидна анализа, но тој одби”, објасни таа, додавајќи дека тој ги убедувла дека е проблемот со полицистичниот оваријален синдром што го носи.
По некое време, кога нејзиниот гнев поминал, одлучила да го слушне својот сопруг. Се испостави дека тој имал вазектомија додека бил во брак со поранешната жена плашејќи се „да не и направи дете “.
„Тој потоа ми објасни дека не ми кажа затоа што ме сака и беше загрижен”, објасни таа, додавајќи дека му дала три опции – обратна вазектомија, да го прифати донаторот на спермата или развод. „Јас го сакам, но скршена сум, со вакви лаги. Мислам дека ќе беше многу подобро воопшто да не се венчаме, се уште можам да добијам донатор на спермата и, искрено, тоа би било најдобро за мене”.
Корисниците на Reddit брзо го осудија неговото однесување и го нарекуваа со сите видови прекари. „Тој дозволи жена му да помине низ сето тоа и не сакаше да каже дека е неплоден?”, „Човекот е обично ѓубре”, „Кој знае што друго се крие”, се само дел од коментарите.