„Три генерации. Баба, мајка, ќерка“: Катарина сподели фотографии со ќеркичката Кира и мајка си Вера
Катарина Ивановска пред еден месец стана по втор пат мајка.
„Три генерации. Баба, мајка, ќерка. Семеен викенд“ – вака Катарина ја опиша фотографијата која беше сликана во Старата Скопска Чаршија.
Манекенка на својот Истаграм профил сподели фотографии од семејниот викенд на кои позира со новородената ќеркичка Кира и мајка си Вера.
Пред извесно време манекенката реши да ги открие за јавноста името на бебето кое е крстено според таткото на манекенката.Нејзиниот татко, се вика Кире Ивановски! А, внуката ќе се вика – Кира!
Инаку, манекенката и нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања кој неодамна наполни две години. Непосредно по неговото раѓање убавицата во интервју истакна дека мајчинството ја променило во целост, но откри и дека не е од оној тип на жени кои откако ќе добијат дете апсолутно се повлекуваат и немаат социјален живот.
Таа објави преслатка фотографија од малите ножиња на малата Кира.