Трета среќа за водителот: Еве кога Огњен Амиџиќ ќе го каже судбоносното “ДА”- откриени детали за свадбата со колешката Мина
Уживаат во љубовта...
Не е тајна дека водителот Огњен Амиџиќ е заљубен до уши во својата нова девојка, колешката Мина Наумовиќ а тоа може да се забележи и од фотографиите кои ги споделуваат на социјалните мрежи.
Неодамна водителот го прослави својот роденден а честитката од неговата сакана многумина ја сфатија како подигнување на нивната врска на повисоко ниво.
Имено Мина сподели фотографија од водителот а во описот напиша:
-Ти само насмевни се, а јас ќе те сакам, ќе те следам и ќе ти го чувам грбот. Среќен роденден љубов – напиша Мина.
Многумина го протолкуваа ова како признание дека парот наскоро се спрема за свадба.
Двајцата се неразделни, а освен што работат заедно, ја користат секоја прилика да патуваат надвор од Белград за да уживаат подалеку од љубопитните очи на јавноста.
Српските медиуми сега објавија дека водителот неодамна се запознал со семејството на Мина, кое живее во Нови Сад, и во таа прилика им кажал дека планира по трет пат да се појави пред матичар.
„Пријателите на Мина одлично се сложуваат и во август ќе помине една година како се заедно. Во декември почнаа да живеат заедно и се оди во сериозна насока. Сепак, бидејќи Мина е од Нови Сад, Огњен немаше можност да се сретне со нејзиното семејство претходно, се до неодамна. Тие се воодушевени од него, најважно им е што Мина е среќна. Се уште не се договориле за официјален датум, но разговарале за поинтимна свадба па ја искористија приликата и му кажаа на семејството на Мина дека најверојатно ќе се венчаат во октомври“, открил за српски Курир извор близок до водителот.