Тренира и во петтиот месец од бременоста – познатата Македонка и со труднички стомак во теретана
Едина неодамна соопшти дека е во блажена состојба, а сега покажа и дека е мошне активна трудница
Познатата спортистка ги воодушеви своите фанови
Нашата позната спортистка Едина Муса за неколку месеци ќе се оствари во својата најважна улога во животот.
Имено, Едина е во петтиот месец од бременоста, но очигледно дека бременоста не ја попречи да го прави она во што ужива најмногу.
Имено, поранешната кошаркарка која долго време се занимава и со фитнес и нутриционизам, откако остана во блажена состојба редовно споделува фотографии и снимки направен во теретана.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа на овој начин сака да им покаже ја идните мајки како да вежбаат и да останат фит и за време на бременоста, секако доколку се во состојба да го прават тоа и во консултации со своите доктори.
Инстаграм/ Едина Муса
Од овие објави може да видиме дека Едина е подготвена да има бебе, но и дека и покрај бременоста се уште е во одлична форма.
Таа откако дозна дека носи бебе не изгуби ни минутка, туку реши да остане во супер форма и продолжи со тренинзите.
Инстаграм/ Едина Муса
И како што самата вели, откако стомакот почнал забележително да расте, таа полека и ги лимитира вежбите.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа во еден од своите последни постови вели дека иако има иста енергија како и пред бременоста, сепак од недела во недела ја намалува тежината со која што вежба, но и темпото на тренинзите.
Инстаграм/ Едина Муса
„Стомакот забележително расте и со тоа доаѓа до лимитирање на одредени вежби. Преголема активација на стомачните мускули не е препорачлива, па со тоа следи и намалување на килажите со кои претходно сум вежбала“, напиша Едина под овие свои фотографии, па го додаде и следново:
„Ова ми е прва бременост и не сум некој експерт во сето ова, и искрено несакам да се правам јака и да вежбам како што вежбав пред да останам бремена иако имам исто толку енергија и сега да вежбам со истите килажи. Нема потреба од форсирање, но се има потреба од континуирана физичка активност не само за физичкото здравје туку и за менталното:) Доволно го знам сопственото тело и чувствувам до кај е лимитот“, вели Едина во својот последен пост.
Инстаграм/ Едина Муса
Бременоста не е хендикеп!
Секако дека бенефициите од вежбањето за трудници се големи, но само доколку е констатирана нормална бременост, без можност за ризици.
Инстаграм/ Едина Муса
Тоа го подобрува расположението, влијае на целото тело, па дури и на плодот, го подобрува сонот, го олеснува целиот процес на породување и помага за брзо враќање во форма по породувањето.
Инстаграм/ Едина Муса
Ова очигледно Едина многу добро го знае, па со овие свои објави и шири свесност дека бременоста не е хендикеп, посебно за оние што биле активни претходно, но и за сите останати трудници со нормална бременост.
Инстаграм/ Едина Муса
А како оваа наша позната идна мама изгледа додека го прави тоа заедно со своето стомче, погледнете од фотографиите…