Само што помислевме дека бициклистичките би можеле да бидат најконтроверзниот тренд за оваа сезона, модниот свет се вљуби во уште еден модел на панталони кои што порано ги следеше лош глас.
Во прашање е модел кој исто така можете да го сакате или мразите, но никако не можете да го игнорирате. Станува збор за бермуди од тексас кои беа популарни во деведесеттите години на минатиот век, а оваа пролет според она што можевме да го видиме досега се вратија на голема врата.
И покрај нивниот не така атрактивен крој, трендсетерките покажаа дека можат да ги носат на милион интересни начини и да направат свршени пролетни изданија со нив. Тие ги комбинираат со други парчиња како тексас јакни, предимензионирани сакоа и балонери, а доколку ви е потребна инспирација погледнете во продолжение.
https://www.instagram.com/p/BvbXem8gpDE/?utm_source=ig_embed
Наш фаворит се црните бермуди бидејќи изгледаат елегантно, а и полесно можеме да ги вклопиме со други парчиња.
https://www.instagram.com/p/BjuVoWHgySn/?utm_source=ig_embed
Па погледнете ги овие девојки и побарајте инспирација како да ги носите и вие во следниот период.
https://www.instagram.com/p/BkfaFyPh6pB/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bouc_vRnev7/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BmlVt9MF4wP/?utm_source=ig_embed