Треба храброст за да се облече ова – Стојне Николова го „зaпaли” ИНСТАГРАМ, само на жена со совршено тeлo ова ѝ прилега
Дефинитивно мора да се има храброст, а и извонредна линија за да се облече тоа што го облече нашата фолк пејачка.
Стојне Николова или џебната Венера како што многумина ја нарекуваат, важи за една од најзгодните пејачки на македонската естрада. Секогаш во чекор со трендовите, Стојне во секакво издание изгледа извонредно. Без оглед дали стснува збор за обична прошетка или настап, таа го дава максимумот од себеси да изгледа добро.
Во моментов е една од најбараните музичари од помладата генерација.
Својата кариера ја започна уште на рана возраст, а денњс ги собира плодовите од напорната работа и вложениот труд.
Настапува од својата 15 годишна возраст, а веќе следната година, односно на 16 годинк ја сними и првата своја авторска песна.
Мора да се признае дека освен што извонредно пее, Стојне прави незаборавни забави каде и да настапува. Кај нејзе на свирка сите се на нозе.
Публиката е доста заинтересирана и за нејзиниот приватен живот, кој таа го крие како змија нозете.
Се разбира дека така убава и згодна девојка ќе биде поврзувана со различни мажи, но таа сѐ уште јавно нема обелоденето врска со некој.
Што се однесува до мажачката, Стојне неодамна во едно интервју истакна дека верува во вистинската љубов, но, како што пренесе Вечер, таа се уште не го сретнала вистинскиот маж во својот живот
Она на што многумина може да ѝ позавидат е нејзината заработка. Како релативно млад човек, таа може да се пофали со богата ксриера, па на 22 годишна возраст успеа да собере доволно пари за да си купи стан во Скопје.
„Среќна сум што веќе нема да патувам или, пак, да бидам под кирија. Шест години пеам, и за тоа време успеав да заштедам пари за половината, а за останатото подигнав кредит. Ангажирав фирма од Струмица која ми го средува комплетно станот, по мој вкус.
Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Задоволна сум што на мои години успеав да се осамостојам, да не зависам од никого, а најмалку од семејството. Да беше татко ми жив, можеби поинаку ќе одеа работите,е и за мене и за моите двајца браќа, но ние не сме во состојба да чекаме помош од некого туку мораме сами да се погрижиме за сè. Среќна сум што постојано имам настапи, што заради купувањето на станот не се откажав од ништо“ – изјави Стојне своевремено за Вест.
Стојне може да се пофали и дека е сопсрвеничка на најубавите нозе на естрадата.
Токму затоа таа се труди да ги истскне во секоја прилика.
Жените уживаат во нејзината музика, а мажите се воодушевени и од глетката.
Деновиве таа на настсп се појави во интересно издание, кое открива сѐ што треба.
Дефинитивно освен храброст, потребна е и вајана стсва за да се облече вакво нешто.
Целата во бело, со краток шорц и кратка маичка, Стојне ги воодушеви сите со својот изглед.
Погледнете ги и останатите нејзини модни изданија…
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова