Реклама
Интервју

Трајанка Стумбова „Некогаш ме инспирираат ситници“

Реклама

Куилинг (Quilling) е техника која поразбира изработка на предмети и слики преку мотање на ленти од хартија и формирање на фигури кои може да се групираат во една целина или самостојно да се презентираат. Трајанка Стумбова од Велес иа 27 години а веќе е вистински виртуоз во оваа техника.

Од каде ја доби идејата за кулиниг?

Пред околу 3 години на интернет видов слики изработени со оваа техника, бев воодушевена од творците на овие слики зашто создале нешто што е многу допадливо за око и истовремено многу модерно.

Маркетинг

Тогаш почнав да истражувам повеќе и да гледам разни видеа каде што се објаснува начинот на изработка па не помина многу време како се одлучив и јас да се обидам да изработам нешто со оваа техника. Со тек на време се’ повеќе се будеше креативноста во мене и знаев дека секој што еднаш ќе види слика во куилинг техника ќе посака да има таква во својот дом.

Како се одвива начинот на изработка?

Не може едноставно да се објасни начинот или процесот на изработка, зашто секој кој изработува куилинг слики или предмети си остава свој белег зашто оваа техника е отворена за експериментирање со хартијата која ја употребуваме. Она што е основно за оваа техника е тоа дека се употребуваат лентички од хартија кои со помош на едно алатче се извиткуваат во крукчиња, а потоа се притискаат со прсти за да се добие посакуваната форма. Може да се создадат многу различни форми и облици кои потоа со лепак се составуваат една со друга и се добива она што сме замислиле да го направиме.

Маркетинг

Колку време е потребно за изработка на една слика?

Генерално гледано овие филиграни од хартија одземаат доста време, зашто мора да се изработуваат многу внимателно ако сакаме крајниот резултат да биде перфектен. Многу зависи од тоа во која димензија се и колку е комплицирано она што се изработува. Најчесто ми е потребно 2-3 дена за една слика, а за некои што се со големи димензии ги изработувам подолго.

Од каде ја црпиш инспирацијата?

Мислам дека со искуството си доаѓа и инспирацијата зашто ми се шират видиците и се’ помалку сум ограничена во однос на оваа техника. Секој ден учам нешто ново и си пронаоѓам начини на работа кои ми се допаѓаат повеќе од претходните. Така што знаат да ме инспирираат и ситници. Многу сакам кога изработувам слики за дечиња и тогаш сум инспирирана од тоа што они сакаат и од нивната фантазија. Исто така и слики за поклони па во тој случај поттикната сум да направам нешто што ќе го поврзува човекот со сликата што ќе ја добие. Инспирирана сум и од годишните времиња, од природата, од растенијата и животните. Накратко кажано од се’ околу мене.

Уникатни слики од хартија – Quilling Art 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button