ТРАГЕДИЈА: Претседателот на фудбалски гигант ненадејно почина на 44-годишна возраст
Заминување кое потресе многумина
Тажна вест пристигна од главниот град на Германија.
Претседателот на Берлин, Херта, Каи Бернштајн, ненадејно почина на 44-годишна возраст, соопштија од клубот.
Во текот на кариерата тој имаше неколку функции во клубот.
Тој беше сопственик на маркетинг агенција, а своевремено и лидер на навивачите.
Бернштајн стана претседател на Херта во јуни 2022 година, кога на изборите доби 1.670 гласови од 3.016 членови на клубот и го победи противникот Френк Штефел.
Hertha BSC trauert um Kay Bernstein. Am heutigen Dienstag hat Hertha BSC die furchtbare Nachricht erhalten, dass Präsident Kay Bernstein im Alter von 43 Jahren unerwartet verstorben ist. Der gesamte Verein, seine Gremien und Mitarbeitenden sind fassungslos und zutiefst bestürzt. pic.twitter.com/XAAnniUEEn
— Hertha BSC (@HerthaBSC) January 16, 2024
– Каи Бернштајн неочекувано почина на 44-годишна возраст. Целиот клуб, неговите играчи и вработените се длабоко шокирани – се наведува во соопштението на Херта.