Тој ја фотографирал македонската пејачка додека се породувала – за малку ќе се онесвестил
Популарниот македонски фотограф ја фоографирал македонската пејачка за време на породувањето.
Мартин проговори за уникатното искуство кое го имал во кариерата.
Македонската пејачка и текстописец со албанска националност, Туна Сејдиу е огромна ѕвезда на албанската сцена.
ФОТО: Инстаграм / Туна Сејдиу
Со пеење започнала да се занимава уште како многу мала, но нејзината професионална кариера започнала во 2002 година со учеството во тогаш најпопуларното музичко шоу „М2 потрага по ѕвезда“.
Таа беше една од победниците на аудицијата, каде настапи со песната „Најди ден, најди ноќ, најди време“.
ФОТО: Инстаграм / Туна Сејдиу
Туна денес снима песни исклучиво за албанскиот пазар, но и понатаму е популарна кај нас.
Важи за голем професионалец, а нејзините видео записи изгледаат светски.
ФОТО: Инстаграм / Туна Сејдиу
Мајка е на два сина, Тиан и Зен, а може да се пофали со витка линија каква поакува секоја девојка.
Познатиот македонски фотограф Мартин Трајановски ја фотографирал Туна за време на породувањето со второто дете, бидејќи пејачката сакала тој момент да биде овековечен со фотографија.
ФОТО: Инстаграм / Туна Сејдиу
Мартин зборуваше за ова необично искуство пред камерите на естрадниот магазин „Бекстејџ“.
„До ден денес не сум имал поуникатно искуство од тоа. Имаше една сестра која беше задолжено исклучиво само за мене. Таа беше задолжена за јас да не паднам во несвест. Каде и да се движев во алата, девојката цело време беше со мене“, рече Мартин.
Фотографиите пејачката ги сподели и на Инстаграм: