Македонската водителка со една фотографија ја разнежни публиката.
Сузе е една од најубавите и најзгодни жени на нашата естрада, и долги години е дел од македонската јавна сцена.
ж
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Не е некој кој сакал популарност да стекнува врз база на својот приватен живот, иако јавноста е делумно запознаена со она што ѝ се случувало.
Неколку години беше во брак со пливачот Александар Маленко, со кој ја има ќерката Лора.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
Таа беше во брак и со сопственикот на еден познат скопски ресторан, Марјан, кој за жал пред неколку години пoчинa.
Плод на нивната љубов е ќерката Матеа.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
По оваа тpaгeдиja, Сузе никогаш повторно јавно не проговори за својот емотивн живот и секоја година на годишнината од cмp-ттa му оддава почит и јавно на Марјан.
Освен во улогата на мајка, пред 5 години Сузе се оствари и во улогата на баба.
Нејзината ќерка Лора на свет го донесе малиот Јаков кој стана центар на внимание во целото семејство.
ФОТО: Фејсбук / Сузана Турунџиева
По повод неговиот роденден, Сузе се огласи на социјалните мрежи и сподели негова фотографија, а во опис напиша:
„Љубовта на мојот живот, денес полни 5 годинки. Нека нема ден без насмевки, радост и среќа!“