Тој е нејзината најголема љубов: Билјана Дебарлиева ужива во прегратката на саканиот, блеска од среќа (фото)
Љубов каква секој посакува.
Една од нашите најдобри презентерки и водителки сподели фотографија со саканиот.
Билјана Дебарлиева со години наназад важи за една од најубавите жени на нашата јавна сцена.
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа доколку судите според нејзиниот физички изглед.
Скоро три децении е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики.
Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.
„Кога ќе се навратам назад, што сѐ не поминало во овие години зад нас. Не можам да кажам тајна или формула за успешен брак. Од мое лично искуство е да има толеранција меѓу партнерите, да нема воопшто љубомора. Ниту јас сум љубоморна, ниту мојот сопруг е љубоморен на мене. Иако типот на мојата професија некогаш барал да останувам многу до подоцна, да не бидам присутна дома. Никогаш не сум оставила простор да се посомнева во нешто. И тој секогаш ја имал слобода кога требал да излегува и шета. Кога ја имаш довербата не се измачуваш и не се јадеш самиот цебеси и не помислуваш на некакви црни сценарија“, изјави Билјана во една прилика.
Билјана и Јован деновиве прославија 29-годишнина од брак, па по тој повод водителката објави нивна заедничка фотографија, на која позираат прегрнати насмеани и среќни. Во опис стои само бројот 29.