Тој е најсреќен човек на светот: Спасен Силјаноски сподели емотивна порака – оваа личност му значи премногу
Македонскиот пејач напиша емотивна порака за една од најважните личности во неговиот живот.
Пејачот сподели фотографија со својот наследник, а со она што го напиша ги воодушеви сите.
Фолк-пејачот со најголемиот хит во моментов, Спасен Силјаноски во моментов е еден од најпопуларните македонски музичари на Балканот и пошироко.
Неговата песна „Ќе ти дојдам“ е неверојатен хит, а многу познати личности се снимаат на Тик Ток додека танцуваат на оваа песна.
Младиот фолкер, препознатлив по специфичниот стил кој го негува, односно автентичниот македонски звук, максимално е посветен на својата работа, а неговите настапи се закажани месеци однапред.
Спасен е активен и на социјалните мрежи, каде често знае да сподели фотографии од неговото семејство.
Тој и неговата сопруга се горди родители на две деца, а пејачот секое слободно време го користи да го помине со семејството.
Многупати јавно зборуваше за битката која неговата ќерка ја водела откако се родила со болест на бубрезите, а сега го покажа и својот наследник.
Тој на Фејсбук сподели фотографија со својот син и му напиша емотивна роденденска порака.
„Ти си причината која ме мотивира и ме прави најсилен и најсреќен човек во вселената.
Среќен роденден синче татино“, напиша Спасен.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски