Тој е крал на бакшишот во Македонија: За една вечер заработи ЦЕЛО БОГАТСТВО – највеселата свадба што сме ја виделе досега!

Ваква атмосфера не се заборава!

Не е никаква тајна дека нашите познати фолк пејачи и бендови најмногу заработуваат од своите настапи на приватни веселби, свадби, родендени, крштевки…
Тие не само што не го кријат тоа, туку и не ретко објавуваат снимки на кои се гледа како веселите гости ги китат со пари. Понекогаш за само една ноќ можат да заработат и по неколку илјади евра, а некои не можат ни да ги избројат парите што ќе ги добијат од задоволните гости. Исто така не е тајна и дека некои музичари буквално се збогатуваат преку ноќ. Ќе заминат на свирка, а утредента веќе имаат пари за нов автомобил, и така до следниот викенд.
Она што е посебно интересно е тоа што пејачите на приватните веселби изведуваат неверојатни перформанси за да ги воодушеват домаќините и гостите, но и за да заработат повеќе „шушки“. Тоа впрочем можеме да го видиме и од снимките што деновиве „испливаа“ на социјалните мрежи, а на кои познатиот македонски фолк-пејач Ѓоко Јовиќ заедно со својот бенд направи тотален хаос на една свадба.

Домаќините и гостите беа толку воодушевени од музиката што му става пари на очилата, во маичката, на ременот, а и музичарите целосно беа накитени.

Од банкноти по петстотини денари, до по стотици евра. Ѓоко во еден момент имаше толку многу пари, што буквално не можеше сите да ги држи во рацете, а и на неговите колеги музичри не им беше ништо полесно.
Погледнете како изгледаше оваа веселба и како изгледаше познатиот пејач накитен како елка со пари.

Пари на главата, на ременот, во рацете, по џебовите…
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ