Тој важи за најдоброт пејач од Македонија во едно од најгледаните музички шоуа на Балканот (фото)
Професорот по македонски јазик што ги воодушеви сите
Еден од најдобрите вокали од Македонија што се појавил во шоуто
Овој пејач совршено ги искористи своите пет минути кога се појави во деветтата сезона од шоуто „Никогаш не е доцна“.
Станува збор за професорот по македонски јазик, Вито Славевски, од Пробиштип, кој ги воодушеви сите.
Пејачот има 49 години и во шоуто го пријавил негов пријател, а со музика се занимава веќе долго време.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како што самиот истакна со музика се занимава од мали нозе, а неколку години работел и како професор по македонски.
Фото: Фејсбук/ Вито Славевски
Од 15-годишна возраст настапува со својот бенд, а наскоро ќе објави и роман поврзан со неговиот музички живот.
Фото: Фејсбук/ Вито Славевски
Тој денес е среќно оженет човек и има две деца.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Неговата сопруга е професорка по математика, и таа заедно со децата се неговата најголема поддршка.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Како звучеше Вито во шоуто за ветерани, но и како изгледал во младоста, погледнете во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Инаку, оваа стара фотографија неодамна ја објави пејачката Анета Наковска, a под неа напиша:
„Вито Славевски, само напред другарче, навиваме за тебе“ напиша популарната фолк-пејачката на социјалните мрежи.