Нова сезона, нови трендови.
Но тоа не значи дека веднаш треба да тргнете во шопинг на најпопуларните нови есенски парчиња што ќе ги носите во следните денови. Она што ви треба се клучните, класични парчиња кои секогаш се во мода и во кои секогаш ќе изгледате одлично. Па, ако сакате секогаш да изгледате шик и средени, ви предлагаме вашите есенски комбинации да ги базирате на следниве пет клучни парчиња.
https://www.instagram.com/p/BfHEbEZjf0z/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Карирано сако
Овој ретро модел оваа есен повторно е во мода. Можете да го носите со што сакате, а поради својата впечатливост, најдобро изгледа со црна маица и фармерки.
https://www.instagram.com/p/BnHsrWyFImb/?tagged=denimjacket
Тексас јакна
Без разлика дали ќе изберете модел што веќе го имате во плакарите или ќе одлучите да си купите нова тексас јакна, со неа најлесноќе можете да ги прилагодите омилените летни парчиња во новата сезона.
https://instagram.com/p/Bkk6GFRlqcY/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Фустани со дезен
Во плакарите секако треба да имате фустан со средна должина и со интересен дезен кој можете да го носите на милион начини.
https://www.instagram.com/p/Bm0Mu6CgxjJ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Плетиво
Со плетени џемпери и блуски едноставно не можете да погрешите. Во мода се моделите со ѕвионести, пошироки ракави, но и кратките кроп топ парчиња со долги ракави и широко плетиво во интересни пастелни нијанси.
https://instagram.com/p/BY1IhpEg7jV/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Балонер
Покрај тоа пто не излегува од мода, овој легендарен капут изгледа шик и елегантно со секоја модна комбинација.