Тони Цетински никогаш не изгледал послабо – ова е тајната со која за само месец дена изгуби повеќе од 10 килограми
Тони доби награда за најдобар пејач на годината во Хрватска, а потоа се пофали и со новиот изглед.
Тони ја доби наградата „Оливер Драгојевиќ” за најдобар изведувач на годината. Сепак, тоа не е чудно кога зад него е година која што ја одбележа неговиот албум „Како во сон“, радио хитови, како и бројни концерти.
Тоа колку оваа награда му значи не го криеше и на социјалните мрежи, каде што се пофали со неа, но и со новиот изглед.
„Наградата за најдобар пејач ‘Оливер Драгојевиќ’ е и ваша награда. Секоја награда е добро само додека имаш со кого да ја делиш. Им благодарам на сите кои што ми ја овозможија и како што кажав оваа награда ќе има посебно место во мојот дом како и Оливер во моето срце“, напиша пејачот во својата емотивна порака на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BxMtTquhYKB/?utm_source=ig_embed
Но покрај комплиментите на сметката на неговата работа, многу фанови му дадоа комплименти и заради витката линија. „Опа, изгледаш фамозно“, „Леле, колку сте ослабнале““, „Изгледаш генијално, секоја чест на твојата линија”, се само некои од коментарите што во последно време се почесто ги добива од неговите обожаватели на Инстаграм.
Некои се пошегуваа дека не можат да го препознаат, додека повеќето се согласија дека изгубил барем 10 килограми.
Имено, Тони наскоро треба да го прослави својот 50 роденден, а обожавателите се воодушевени што во новата деценија од животот сака да влезе како нова личност па секој слободен момент го минува во теретана.
Така неодамна објави фотографија со кој се пофали дека веќе по месец дена се гледаат и првите резултати, а откри дека понекогаш има дури и по два тренинзи дневно со својот личен тренер и дека не планира да се откаже.
Па, големо БРАВО за Тони.