Тој дефинитивно е број еден рекет во Македонија. Тенисерот со Светска слава, со тенис започна да се занимава на свои 7 години. Томислав Јотовски има играно на јуниорските Ролан Гарос и Вимблдон. Како успева да ја одржи кондицијата во ова време и како ги поминува карантинските денови прочитајте во продолжение…
Која е најголемата предност од твојата професија?
Предност да бидеш професионален тенисер е многу честото патување и тоа што се запознавам со луѓе од целиот свет и најважно од се е што живеам здраво.
Си размислувал ли некогаш што ќе беше, да не беше тенисер?
Ако не бев тенисер мислам дека би бил во некој друг спорт затоа што едноставно не можам без спортот.
Како се снаоѓаш во кујна?
Со оглед на тоа што живеам сам готвам речиси секој ден и можам да кажам дека одлично ми оди.
Какви девојки му се допаѓаат на Томи?
Повеќе ме привлекува внатрешната убавина, кога веќе би требало да бирам дефинитивно повеќе сакам црн тип девојки.
Што треба да поседува девојката за да го освои срцето на Томи?
Секако дека треба на прв поглед надворешно да ме привлече, но многу побитна работа ми е вантрешната убавина, па да ги има сите манири што треба да ги поседува една една.
Како ги поминуваш карантинските денови?
Карантинските денови ги поминувам нормално како и секој спортист. Тренирам колку можам дома, читам некоја добра книга и голем дел од времето гледам филмови.
Неостварена желба?
Неостварена желба ми е еден ден да играм Гренд слем
Колку ти недостасуваат мечевите и константните патувања?
Се разбира дека ми недостасуваат мечевите и патувањата, навикнат сум веќе 20 години на таквиот живот, но да бидам искрен ми прилега и тоа што сум дома подолго време со најблиските.
Животно мото?
Секогаш да останам позитивен.