Тоа не е маж, тоа е монструм – Карлеуша кај Лазаров со шокантна исповед за разводот од Душко Тошиќ
Целиот Балкан зборува за гостувањето на најпознатата поп-дива кај Стефан Лазаров
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведоа по 16 години брак, а сега пејачката прв пат откри детали во врска со разводот.
Таа по гостувањето кај Бака Прасе каде собра голема сума на пари за настраданите во поплавите во Босна и Херцеговина гостуваше и кај јутуберот Стефан Лазаров каде пејачката за прв пат до најситни детали ги откри причините за разводот.
Имено, таа откри дека во тој брак била поприлично осамена и несреќна и дека цело време го предупредувала сопругот за тоа.
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров
Таа тогаш се жртвувала заради децата, а на Душко отворено му кажувала дека еден ден ќе му се одмазди и дека ќе се кае заради тоа.
Пејачката тоа и го направи, но како што вели самата, кога решила прв пат да му се одмазди и се случи вистинска катастрофа.
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров
Наводно, лицето со кое што таа решила да му се одмазди на сопругот ја снимил преку видео камера и потоа со овие снимки ја уценувал и барал од неа да се разведе.
Пејачката не сакаше да му го спомене името, но од она што го кажа ЈК може да се заклучи дека зборува за Огњен Врањеш, фудбалерот со кого и се случи скандалот пред неколку години.
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров
„Тоа не е маж, тоа е просто монструм. Јас не се согласив да ме уценува и тој на сите медиуми им го испрати тоа“, изјави Карлеуша потенцирајќи дека скандалот се случил додека нејзината мајка умирала.
„Тоа може да го направи само човек без срце и кој заслужува само најлошо. Мислам дека некоја карма кога-тогаш ќе им го даде на таквите луѓе она што тие го заслужуваат. Последното што мојата мајка го виде беа овие фотографии и потоа почина. Потоа ништо не беше важно“, изјави Карлеуша.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Таа потоа додаде дека Душко не можел да помине низ сето тоа иако била спремна да направи сé за да опстане нивниот брак.
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров
Но Душко бил тој што сакал да се разведат, па Карлеуша сега и нема никаква потреба да биде во добри односи со него.
„Требаше да се потруди да бидеме во добри односи додека бевме во брак“, изјави Карлеуша во поткастот кај Лазаров.