Реклама
Вирално

Тоа беше свадба од соништата на која сите плачеа: Невестата знаеше дека умира, ѝ останаа само неколку недели живот

Реклама

Стотина луѓе донираа пари и помагаа за забрзаната организација на венчавката зошто Ешли Симрај (23) од Австралија дознала дека и останале само неколку недели живот. Умира од рак, болеста е во терминална фаза, проширена по целото тело, а само што започнал нејзиниот живот.

До олтарот не можеше да оди, немаше сили, па ја возеа во количка.

Маркетинг

Еве како изгледаше овој најтажен, а сепак најубав момент во животот на секоја жена:

Се омажи за љубовта на својот живот Џејсон Хал кој не можеше да ги задржи солзите додека си разменуваа завети. Плачеа и собраните гости. Беше многу тажно да се гледа како толку млад живот исчезнува и скршениот Џејсон кој знае дека својата најдрага нема уште долго да ја има покрај себе.

Маркетинг

– Многу сум горд на тебе и пресреќен сум што ќе имам можност да те наречам моја сопруга, рече тој и повторно заплака.

До овој момент немаше да дојде ако лекарите уште во 2018 година не и поставеа погрешна дијагноза. Имала грутка на ногата за која лекарите ја убедувале дека е безопасна.

Но не била толку безопасна, зошто во неа растел тумор. Година дена подоцна дознала дека боледува од агресивен облика на меланом кој се проширил по нејзиното тело. Минатиот месец ѝ рекле дека и нема спас, дека и преостанале само неколку недели живот.

 

– Таа сега има рак на белите дробови, рак на црниот дроб, рак во градите и само неколку дена живот. Им верувала на лекарите таа 2018 година и продолжила во животот како се да е во ред. Тогаш да ја поставиле вистинската дијагноза, таа не би била тука каде што е денес – рече нејзиниот татко Тони Симо, кој смета дека лекарите за овој пропуст ќе мора да одговараат.

Вели дека неговата ќерка не сака да се врати во болница за таму да умре, тука сака да биде дома.

– Сакаме последните денови да биде опкружена со луѓето кои ги сака. Нашата Ешли е борец и се бори што е можно подолго да остане со нас, вели тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button