Се уште има добри луѓе на овој свет
Сиромашниот Самид Бошиќ живее во Дубица во Босна и Херцеговина. Тој наскоро ќе биде многу изненаден кога од болница ќе се врати дома. Имено, младите волонтери од Здружението на млади „Фокус“ целосно му ја реновирале куќата додека тој престојуваше во болницата.
Оваа група млади луѓе објави фотографии на својата официјална Фејсбук страница и докажаа дека хуманоста и добрите дела навистина постојат.
Пред точно две недели нашиот сограѓанин Самид Бачиќ го однесовме во болницата во Градишка каде му беше дијагностицирана гангрена, па беше неопходен оперативниот зафат над колената. Откако се вративме од болница и размислувавме за она што ни се случи во болницата и куќата во која што живееше Самид, дојдовме до идеја да му го реновираме домот и така да го изненадиме откако ќе се врати од болницата“, напишаа овие млади волонтери.
Тие додадоа дека во целиот проект им помогнале роднините од странство, поточно Амир Нахиќ кој веднаш се сложил со идејата да му помогнат на старецот.
Тие работеле осум дена, а помогнале вкупно осум волонтери. Доаѓале во зависност од своето слободно време.