Вирално

Тие се најздравиот и најдолговечен народ на светот, еве во што е нивната тајна

Advertisement

Народот Хунзи живее во планините на северен Пакистан, ги има околу 87.000, а посебни се по тоа што живеат во просек по 100 години, а некои и до 120.

Хунзите важат за најздрав народ на светот, а се хранат и живеат целосно природно.

Advertisement

Овде појавата на карцином многу е ретка, а луѓето и во поодмината старост се многу активни и здрави. Забележано е дека поединци живееле и 160 години, а нивните жени раѓаат и на 65 години.

Клучни фактори за нивното здравје се храната и водата. Една од нивните омилени намирници и важен дел од целокупната исхрана им се кајсиите.

 

Ги јадат свежи во текот на летото, додека преку зима конзумираат суви, или пијат масло од нив. Семките ги вадат, мелат, пржат и нивното масло го користат за готвење, како прелив и крема за лице.

Во просек, Хунзите внесуваат од 50 до 75 милиграми витамин Б17 дневно – на Запад повеќето луѓе толкаво количество не внесуваат во текот на цела година, па експертите кои се занимавале со овој феновмен сметаат дека тоа е главната причина за нивното челично здравје.

Кардиолозите д-р Пол д. Вајт и Едвард Г. Туми во тоа се уверија на самото место, откако поминаа долг и тежок пат низ планината до Хунзите, посејќи со себе електрокардиограф на батерии.

Во списанието Аmerican Heart Journal наведоа дека проучувале 25 мажи од Хунзите на старот меѓу 90 и 110 години, како и дека им мереле притисок и холестерол во крвта. Од нивниот извештај се гледа дека никој од овие луѓе немал никаков проблем со срцето, крвниот притисок или висок холстерол.

Офталмолот д-р Ален Е. Баник исто така ги посетил Хунзите и своите сознанија ги објавил во извештајот под име „Земја на Хунзите“.

– Не ми требаше многу за да се уверам во тоа што го читав за нив за нивниот вечен живот и здравје во оваа малечка земја. Погледнав во очите на најстарите припадници на Хунзите и нивниот вид беше беспрекорен, рече тој.

Д-р Баник раскажа:
– Многу Хунзи се толку јаки што среде зима како вежба со голи раце го кршат мразот и пливаат од мразот.

Останатите посетители наведуваат неверојатни примери како луѓе во 80-тите и 90-тите години, па дури и 100 годишници, поправаат камени патишта, креваат големи камења за да ги поправат ѕидовите на терасите и градините.

Постарите учествуваат во одбојкарски натпревари против 50 години помладите сонародници, па често играат и поло кое е толку диво што од играта би се наежил и секој хокеарски навивач.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button