Вработените во „D’Bone Collector Museum“, во близина на Давао Сити на Филипините, пронајдоа мртво тело на кит, а она што го открија во неговиот стомак ги згорзи.
“Ја откривме причината за смртта на младиот кит, кој го најдовме на 16 март. Во него имаше 40 килограми пластични кеси, ова е најголемата количина пластика која некогаш сме ја извадиле од животно, тоа е одвратно. Владата мора да преземе дејства против оние што го третираат океанот како канта за ѓубре “, напишаа на нивната Фејсбук страница.
Меѓу другото, тие во неговото тело пронајдоа 16 кеси од ориз, четири огромни кеси кои се користеле на плантажи со банана и бројни пластични торби.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2687931647900073&id=216407245052538
Китовите честопати погрешно ја голтаат пластиката и други ѓубре во океанот, а од музејот откриле дека повеќе од десет години откриле 57 мртви китови и делфини кои починале од ефектите на проголтаната пластика.
Претседателот и основач на колекционерот „D’Bone Collector Museum“, морскиот биолог Дарелл Блечли, изјави за CNN дека китот не може да свари толку количество пластика, која минува низ стомакот.
„Тој починал со повраќање од крв”, рече Дарел.