Тие му се најголема поддршка – еве како изгледаат сопругата и синовите на градоначалникот од Гостивар, докторот Арбен Таравари

Сопругата, децата и неговата мајка му се најголема поддршка на политичарот Арбен Таравари.
Таравари е лекар и поранешен министер за здравство во Владата во 2017 година.
Специјализирал неврологија во 2006, а во 2011 ја одбранил докторската дисертација од областа на Паркинсонова болест.
На локалните избори во 2017 година Таравари стана градоначалник на Општина Гостивар
Толку си ја сака професијата, што и откако влезе во политиката лекува пациенти.

Освен што е посветен на својата професија, тој е грижлив сопруг и татко на две деца. Таравари е доста активен и на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето најблиско семејство, за кое откако е во политиката има се помалку време.
„За жал малку време останува за смејството и тоа е на што најмногу ми недостасува последните 4-5 години.

Порано бев ангажиран и како лекар и како професор, но секогаш после тоа посветував време на семејството, секоја сабота недела организиравме викенд некаде.
Многу помалку време имам, има периоди кога е порелаксирано, кога сум со нив. Најчесто со сопругата и децата се гледам навечер. Утринското кафе бидејќи сопругата работи во Скопје, децата се во Скопје, едниот на студии, другиот средно училиште, утринското кафе порано беше заедно со моите родители, сега е само со мајка ми бидејќи татко ми е починат. Наутро имам ритуал да трачм на трака или велосипед малку, и околу 8 ипол се симнувам заедно со мајка ми да пиеме утринско кафе.Тоа ми е најубавиот дел од денот, 1 час наутро или со сопругата и мајка ми или само со мајка ми. Генерално мајка ми приготвува кафе или сопругата, ретко се случува јас да приготвам“, кажа Таравари во емисијата „Магазин“.

Доста е близок со своите синови и како што самиот вели, се труди да не биде многу строг кон нив, но да се задржи почитта.
„Не сум строг родител, меѓутоа има некоја дистанца меѓу Астрит и Арбин, има некаков стравопочит, сум ги карал, но секогаш се обидував да бидам критичен кон нив, секогаш инсистирав да не се фалат со мајка и татко, туку да си пливаат сами во животот. Големиот син веќе работи самостојно, секогаш инсистирав дека не треба да се чека државна работа, туку да се снајде во животот и да си продолжи, мора да плива во животот, нема секогаш да има поддршка од сите страни, некогаш се појавуваат пречки и проблеми. Мислам дека сум релативно критичен татко, но ги поддржувам колку што можам, мислам дека најголемата инвестиција е инвестицијата е во децата, сите пари што ги имаме најдобро е да ги инвестираме во едукацијата на нашите деца. Најголемо богатство не се парите, тууку да знаеш дека децата се на прав пат, дека се добро едуцирани“, кажа Таравари.

Малкумина знаат, но градоначалникот на Гостивар обожава спорт. Омилена игра му е шахот, а практикува и пинг-понг.
„Многу ретко играм, но велосипедизмот ме фасцинира последниве 10 години. Имам и фиксен велосипед за да одржувам линија и да вежбам, но со пријателите уживам во велосипедизмот. Психички релаксира и си се најдов себеси“, кажа Таравари.
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари
Фото: Фејсбук / Арбен Таравари