Реклама
Вирално

Тие го победија коронавирусот – лекарите ги симнуваат маските, видео кое го обиколи светот

Реклама

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, вчера и официјално беа затворени.

Тоа значи дека кинеските власти ги затворија сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во тој град во провинцијата Хубеи. Вкупно 49 пациенти излегоа од привремената болница во вторник околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како докторите го одбележуваат моментот кога се затвора последната привремена болница.

Маркетинг

https://twitter.com/coolstuffcheap/status/1237884089794834440

Тие еден по еден со насмевки на лицето ги вадеа заштитните маски, а некои и мафтаа кон камерата.

Маркетинг

Кинеските власти ги преуредија јавните објекти како што се изложбените центри и спортски сали во 16 привремени болници.

Тие служеа за изолација и лекување на пациентите заболени од коронавирусот. Во таквите центри лекарска помош добија 12 илјади луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button