Ти не си направен од љубов – Игор Џамбазов брутално распали, да не сте им во кожа на овие луѓе
Стапката на омраза е во драматичен пораст, констатира Џамбазов...
Игор Џамбазов често преку социјалните мрежи комуницира со фановите, но овој пат реши да се обрати и до своите хејтери
Општо познато е дека многу наши ѕвезди кои ги користат социјалните мрежи за да бидат во комуникација со оние што ја поддржуваат и сакаат нивната работа, многу често се соочуваат со брутални критики на поединци кои без причина ги напаѓаат и постојано нешто им „мрчат“ во коментарите, непристојно и безобразно.
Но очигледно дека некои вакви поединци кои заради оваа своја улога го добиваат името хејтери, му го качиле притисокот на Џамбазов, па тој реши да не молчи, туку јавно да им се обрати.
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Џамбазов оваа објава на својот Инстаграм ја започнува со зборовите „Непознат кориснику на Инстаграм“, а во описот на истата напиша „Стапката на омраза е во драматичен пораст“.
Во пораката се обраќа директно до оние што навредуваат, наместо да критикуваат, што омаловажуваат и шират омраза, наместо љубов.
„Мислам, ти можеш.. очигледно, ама така зборуваш за себе, а не за мене. Штом омразата ти е главно оружје, ти не си направен од љубов“, вели во пораката што ја сподели Џамбазов, која завршува следниве зборови
Не ти посакувам убав ден, оти луѓе како тебе едноставно немаат такви денови, пишува во пораката на Џамбазов.
Целта порака на Џамбазов прочитајте ја во продолжение:
Инстаграм/ Игор Џамбазов
Направи нешто, не биди хејтер
И како што гласи во самата порака, истата се однесува до оние непознати ликови на Инстаграм што постојано шират омраза.
Џамбазов со неа предизвика бројни коментари, но и голема поддршка од своите бројни фанови и колеги.
Коментари под објавата на Џамбазов
И без разлика дали Џембазов беше револтиран од „негативните“ коментари што се шират како вирус на социјалните мрежи или пак од некои исфрустрирани поединци што лично него го навредиле, поентата е повеќе од јасна – наместо омраза, на сите ни е потребна љубов, наместо навреди да делиме комплименти.
Само така на сите животот би ни бил исполнет со љубов, разбирање, дружба и незаборавни среќни моменти.
Критиката исто така ни е потребна, но онаа добронамерната што укажува на грешките, што ќе не направи подобри.
Без навреди, омаловажувања и говор на омраза….