Реклама
Интервју

Тетовчанката Ивона Нaцевска за „Гламур“: Тоше Проески ме инспириираше да станам оперска певица

„Мојата омилена македонска народна песна е 'Ој, девојче девојче'“, вели оваа убава млада дама

Реклама

Една од најмладите оперски певици на македонската сцена, прекрасната Ивона Нацевска е тетовчанката со најубавото грло. Оваа шармантна убавица веќе полека ја освојува калсичната сцена и љубовта на публиката. На крајот од минатата година Нацевска го одржа првиот солистички концерт. Вработена е во Националната опера и балет и постојано е опкружена со нотите.

Нејината приказна за тоа како започнала да се занимава со музика е специфична, бидејќи никој од нејзиното семејство не се занимава со музика, ниту професинално, ниту аматерски.

фото/Приватна архива

Која беше твојата појдовна точка за да сфатиш дека еден ден сакаш да бидеш оперска певица?

– Тоше Проески беше мојата инспирација да се заљубам во музиката и да посакам еден ден да се знаимавам професионално. Него го сакам, буквално, од кога знам за себе. Пораснав со неговата музика, потсвесно посакував и јас да влезам во тој магичен свет на нотите, а кога дознав дека бил оперски пејач уште повеќе ја засакав операта. Има една интерсна ситуација што ми ја раскажаа моите родители. Кога сум имала две години, Тоше правел концерт овде во Тетово, сме биле блиску до бината, татко ми ме држел во раце, едно време Тоше ме земал во прегратка и продолжил да пее со мене на сцената. Многу ми е криво што никако не можам да најдам макар една фотографија за спомен од овој момент, криво ми е што јас не се сеќавам, сум била многу мала.

Маркетинг

Уште на 5 години музикалноста кај малата Ивона е препознаена од нејзиното семејство, па така станува член на детскиот хор „Лале“ подоцна и на ГЖМХ „Менада“ хорови во нејзиниот роден град Тетово. Потоа се запишала на нижо музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ каде изучила да свири пијано, бидејќи овој инструмент е задолжителен за секој оперски пејач, а подоцна се префрлила во класата на соло пејачи.

– Со текот на времето како осознавав за класничната музика, за големите светстки оперски пејачи, детстката љубопитност се повеќе растеше за оперското пеење. Дополнителна поддршка и поттик ми беше и мојата професорка што ме водеше во основно,а подоцна и во средното образование. Паметм како велеше за мене: Колку си ситна, а каков глас излегува од тебе.

Маркетинг

Дали вашиот талент е наследен?

– Во моето семејство само јас се занимавам со музика, но мајка ми има убав глас, можеби дарбата сум ја наследила од неа.

фото/Приватна архива

Тежок ли е патот до тоа да се стане оперска певица?

– Без работа, нема успех. Постојат препреки, постојат личности кои ќе пробаат да ве одвратат од идеите, намерите… Но секогаш е потребна силна верба во себе и проекција на работата, само така може да прераснете во комплетен изведувач. Плановите што сега ги имам се и мои предизвици. Потребна е голема жртва и откажување на многу нешта само поради тоа што оваа професија бара максимална посветеност, многу вложен труд и вежбање.

Опишете ни еден ваш работен ден…

– Секое утро се заблагодарувам на новиот ден и на сѐ што имам во животот. Секојдневно патувам релација Тетово – Скопје за да дојдам на работа. Работните обврски како вработена во Националната опера и балет, во дирекцијата на Опера (што е многу специфично и доста интересно) ми започнуваат со преглед на е-маил поштата. Потоа денот се развива во согласност со работните задачи. Како што нагласив дека мојата работа е специфична иако сум самата уметник, јас сфатив дека соработката со луѓето што се исто како мене уметници но јас ги гледам во случајов позади сцената е истовремено и инстересна и многу комплицирана, но никогш досадна.

фото/Приватна архива

Која е вашата омилена оперска претстава?

– Уфф тешко прашање хааха… ги има повеќе тешко е да се издвои… имам неколку „Риголето“, „Травијата“, „Боеми“, „Кармен“…

Вашето секојдневно е исполнето со класична музика, но дали следите и други жанрови?

– Секако дека следам и слушам други жанрови.Поп, џез, исто така многу ја сакам и латино музиката. Мојата омилена македонска народна песна е „Ој, девојче девојче“.

Ако збороваме и за вашата надворешна убавина , многумина не остануваат рамнодушни на вашиот поглед, бојата на вашите очи. Кој е според вас најубавиот дел од вашето тело?

– Секој се сака себеси онаков каков што е, секој дел од моето тело за мене е убав со сите недостатоци итн., но кога би морала да бирам тоа се очите.

фото/Приватна архива

Што мислите за она непишано правило дека на убавите жени вратите им се отвораат полесно?

– Ехх… точно е тоа се согласувам со тоа „непишано правило“ но не секогаш е така.

Дали може да ни најавите кога ќе биде вашиот следне настап?

– На 21 јули ќе правам концерт кој е поддржан од Скопско лето, со пијанист гостин од Италија кој ќе биде мој корепетитор Антониј Чачо.

фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива
фото/Приватна архива

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button