Тежок е патот до успехот: Овој популарен актер продавал весници во Белград и живеел скромно, но ја научил животната лекција
Популарниот црногорски актер Андрија Милошевиќ во неколку наврати отворено зборуваше за тоа дека живеел многу скромно кога од Цетиње дошол во Белград.
Едно време работел како продавач на весници, а кога се вработил во „Атеље 212“ неговите колеги му пружиле помош колку што можеле – му нашле стан под кирија и му ги купиле потребните работи за домаќинството.
Андрија многу пати истакна дека гладот го научил да ги препознае вистинските радости и да го почитува трудот и работата, а сега наведе дека смета дека животот не е натпревар.
– Животот не е натпревар, еднствена титула која ја имате и ја носите со себе е титулата на човечко битие. Доколку го следите она човечкото во себе, подготвени сте на секоја жртва поради љубов. Среќни се оние кои се сакаат и почитуваат, чуваат и надоградуваат едни со други – рече актерот во едно интервју, и напомена дека “не можам“ во суштина не постои во неговиот речник.
На прашањето дали таа карактерна црта ја наследил од родителите, Андрија одговори:
– Додека растев, потоа одев на училиште па на факултет, видев дека со „не можам“ нема далеку да стигнам. Исто така забележав дека многу луѓе сопственото его ги слабее и станува силен тригер фактор за откажување. Не размислувате за успесите, популарноста, статусот, парите и имате шанса да оставите трага, рече Милошевиќ кој како актер подеднакво е популарен и во театар и на филм.