Тежок ден за Игор Џамбазов…
Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека по тебе дур беше жив - напиша Џамбазов.
Шоуменот Игор Џамбазов, човекот кој ја засмејува јавноста, кој најдобро знае да нe’ расположи, оној без кој не поминува ниту една спектаклуларна манифестација, оти не би била спектакуларна, денеска сподели емотивна објава на Фејсбук.
На денешен ден (30 септември) пред 27 години нe’ напушти неговата мајка, врвната актерка Анче Џамбазова. Ќерка на незаменливиот Петре Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов.
Таа ќе остане запаметена по нејзината улога во култниот македонски филм „Мирно лето“.
Игор денеска сподели фотографија од мајка си и напиша:
„Мајко моја златна.
Дваесет и седум години поминаа, а ти сè уште си присутна, те спомнувам секојдневно и не престануваш да ме инспирираш. Се надевам дека се најдовте со тато, оти тој препека по тебе дур беше жив. Јас сум добар, да не ме мислиш…“, напиша Игор покрај фотографијата.