Реклама
Интервју

„Театарот е нашиот живот и во моментот животот ни е стопиран“

Реклама

Авантуристка, актерка, воодушевена од убавините кои ги има Македонија. Актерката Емилија Мицевска од неодамна Трајковиќ е актерка вработена во Драмскиот Театар во Скопје, која со својот партнер-колега актерот Филип Трајковиќ решија да ја крунисаат својата љубов.

Пред само неколку денови стапивте во брак со вашиот колега Филип Трајковиќ, како е да се игра на сцена со брачниот другар?

Многу забавно. Ние многу уживаме во заедничките нешта, особено проектите кои заедно ги работиме.

Како е да се склучи брак во време на пандемија?

Свадбата моравме да ја откажеме и јасно е зошто. Но ние решивме сепак да си се регистрираме, бидејќи тоа го правиме за нас. Забавите и прославите нека бидат за цел живот.

Маркетинг

Која е предноста да имаш иста професија со сопругот?

Разговорите се вистинско уживање. Во нашата професија различните ставови се најблагородни. Само со добра критика има напредок.

Што според вас, е рецептот за успешен брак?

Да се смеете на се. Дури и тешките денови да се обојат со хумор. Ние не сакаме да си докажуваме кој е во право, сакаме да се смееме. Можеби затоа сме уште заедно.

Маркетинг

Со оглед на пандемијата која го зафати Светот, театрите не работат речиси пола година, што најмногу ви недостасува?

Па се ни недостига. Театарот е нашиот живот и во моментот животот ни е стопиран. Ги поздравувам сите обиди на уметниците да создадат нешто во овие услови. Би требало да се смислат протоколи, ќе мора да се изнајдат начини најмногу за нас актерите. Повеќето претстави во Драмскиот театар ни се со повеќе актери на сцена и тоа би било страшно за нас.  Незнам можеби би требало да се посветиме на монодрами и дуодрами. Се надевам дека нема уште долго да сме тажни.

Како ќе го поминете летово?

По планините и селата низ Македонија.

Каде повеќе се пронаоѓате во Театар или на филмско платно?

Го сакам филмот. Но театарот ми е мојот втор дом.

На кој глумец најмногу се восхитувате?

На сите мои колеги.

Омилена филмска реплика?

Немам.

За која книга може да кажете дека ви го променила животот?

Не можам да бидам фасцинирана од едно нешто, од еден човек, од една реплика, книга. Ако ме воодушеви само едно нешто нема да растам.

Која улога од досега одиграните ви е омилена?

Мете во Фестен и јас во “Мојот маж” досега најдраги.

Што ќе беше Емилија до колку не беше актерка?

Ако не бев актерка ќе бев актер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button