Теа концертот во Скопје нема никогаш да го заборави – пејачката тука се чувствува како дома
Пејачката Теа Таировиќ се уште е под импресии од она што и се случи во Скопје
Пред да се појави на сцената се прекрсти три пати, а за српскиот „Телеграф“ откри и како се чувствуваше во овие моменти.
Младата ѕвезда Теа Таировиќ на 16 декември одржа незаборавен концерт во Скопје на кој беа и нејзините родители.
Пејачката во интервју за „Телеграф“ изјави дека е воодушевена од публиката, но и дека имала трема иако се чувствувала како дома.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
„Јас тука се чувствувам како дома“, изјави пејачката по настапот.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
На концертот во првите редови беа и родителите на Теа, мајката Божица и таткото Зоран, а кога пејачката ја запеа песната посветена на нејзината мајка, пејачката одвај ги воздржаа емоциите да не заплаче.
Како што самата откри, и та да била во публика би плачела, но затоа што била на сцената морала да се воздржи.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Прв пат кога ја слушнав бев на аеродромот и плачев како дождлива година, но кога сум на бината не можам да си го дозволам тој луксуз, вели пејачката за нејзината песна „Не грижи се мајко“.
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Пејачката не сакаше да зборува за нејзиниот тако, но откри дека тој е голем љубител на македонски песни.
„Познат е и фактот дека ние ја имаме песната Македонија која се уште не сум ја пласирала. Таа го чека својот момент и тоа е многу посебна песна која не може да се издаде туку така, мислам дека тој од овие причини изрази желба да дојде во Скопје“, изјави пејачката за „Телеграф“.