Тања Савиќ ја отвори душата: Да ми беше добро со сопругот во Австралија немаше да се вратам во Србија
Тања Савиќ поминува низ тешка грама откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе синовите во Австралија. Најави дека ќе бара развод на бракот и призна дека ја алармирала полицијата и во Србија и во Австралија, а сега изнесе уште детали од односот со сопругот.
– Морам да се борам за своите деца. Мене да ми беше добро со него, немаше да се вратам во Србија. Му давав шанси, но не можам повеќе – рече Тања Савиќ, видно потресена од оваа ситуација.
– Тој децата ги одведе без јас да знам. Беа кај мене за викенд, па му ги предадов на Душан, кој рече дека ќе ги врати за Велигден. Јас фарбав јајца, се подготвив и му се јавив во средата, а тој беше недостапен. Два дена се обидував да го добијам. Тогаш пријавив во полиција, додаде таа.
Децата се одведени без моја согласност, не знам чиј пропуст е тоа што го пуштиле да замине без мое одобрување, но нечиј е, заклучува пејачката.
Савиќ до пред неколку дена комуницирала со синовите преку Вибер, но како што наведе, сега и тоа и е оневозможено.